На никој не му се стои до шпорет за време на горештините, но кој би можел да одолее на вкусни крофни кои се топат во уста.
Состојки:
- 7 гр сув квасец
- 200 мл топло млеко
- 2 лажички шеќер
- 4 јајца
- 1 лажиче сол
- 2 лажици масло или маргарин
- 4 лажици павлака
- 1 лажиче рум
- 400 гр брашно
- 400 гр остро брашно
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- За успешна подготовка, важно е сите состојки да бидат оставени пред подготовката на собна температура.
- Во топло млеко се раствата квасецот со лажиче шеќер и се чека да се активира, па во друг сад мешаме јајца со сол и маргарин или масло, павлака и рум со миксер.
- Се става и брашното во таа смеса постепено и се меша, па потоа се става и квасецот.
- Се става тестото на топло да нарасне околу еден час.
- Се развлекува потоа тестото, се вадат кругови и секој се крева така што долната страна да дојде горе.
- Се оставаат да се дигнат.
- Потоа се пржат во тава со масло.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед