Макијато 40, шарска 90 денари: Ова се цените на преспанските плажи (Фото)

Макијато 40, шарска 90 денари: Ова се цените на преспанските плажи (Фото)

Преспа полека но сигурно го враќа својот сјај.

Туристи има се’ повеќе, а полека се решава и недостатокот со сместувачки капацитети.

Неодамна на источната страна на Преспанското Езеро во туристичката населба Претор која е најпосетувана ова лето, се отвори новиот Relax Beach resort, кој нуди се’ во едно: Прекрасна плажа со одлично опремен шанк, луксузен ресторан со одлични цени, како и сместувачки апартмани со поглед кон преубавото Преспанско езеро.

Според она што можевме да го видиме, на брегот на Преспанското езеро уживањето е буквално за “џабе”.

Relax Resort има одлично подготвен ресторан кој нуди прекрасна храна, подготвена со љубов. Не заборавајте да пробате некој од преспанските специјалитети кои ќе ги најдете само на ова место.

Макијато и еспресо за 40 денари, Кока кола и фанта за 50 денари, Скопско за 70 денари. Ловечката (шарска плескавица) изнесува само 90 денари.

Ресортот има и своја сопствена плажа која нуди бесплатни лежалки (за гостите во апартманите), како и одлично уреден шанк.

Новиот популарен ресорт и омилено место на туристите нуди нови луксузни апартмани опремени со Мини куња, вц и туш тоалети, фрижидер, кабловска, клима и тераса со страничен поглед кон езеро, по цена од 1500 денари за цел апартман, додека пак со директен поглед кон езеро цената изнесува за 2000 денари/ноќевање во апартман каде може да преноќат 4 лица.

Резервирајте го вашиот викенд или летен одмор веднаш на 075 421 262 или 078 367 777.

singlepost_text