Едноставно подгответе вкусно јадење од пиперки и свеж босилек.
Состојки:
- 10 печени пиперки
- 1 рака свеж босилек
- 500 гр меко сирење
- 200 гр спанаќ
- маслиново масло
- 2 чешниња лук
Начин на подготовка:
- Пиперките исчистете ги од семки и пресечете ги на половина.
- Потопете ги во маслиново масло во кое сте исечкале лук. Оставете преку ноќ во фрижидер.
- Во сирењето измешајте сечкан босилек и спанаќ.
- Пиперките извадете ги од масло, исчистете ги и во средина од секоја ставете лажичка фил. Свиткајте и зацврстете со чепкалка.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи