Брзи и неодоливи чоколадни колачиња, вкусот ќе ве воодушеви!
Состојки:
- 4 жолчки
- 4 лажици шеќер во прав
- 100 гр путер
- 100 гр чоколадо
- цимет
- какао
Начин на подготовка:
- Изрендајте чоколадо и, мешајќи, растопете го на пареа (без додавање на вода, на слаб оган).
- Во омекнатото чоколадо малку по малку измешајте путер.
- Во глатката смеса измешајте една по една жолчка, шеќер и цимет па и натаму мешајте на пареа да се поврзе.
- Тргнете од оган, изладете прво на собна температура па ставете во фрижидер смесата да стврдне, барем четири часа. Тогаш со лажичка земајте тврда смеса и обликувајте топчиња со големина на ореви.
- Извалкајте ги во какао и ставете ги во фрижидер. Ако сакате, топчињата можете да ги прелиете со глазура од чоколадо.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди