Веќе никогаш нема да го направите од кесичка: Домашен пудинг со ванила

Веќе никогаш нема да го направите од кесичка: Домашен пудинг со ванила

Вкусен домашен десерт – пудинг од ванила.

Состојки:

  • 4 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 3 лажици густин
  • 1/2 лажички сол
  • 700 мл полномасно млеко
  • 3 жолчки
  • ванила
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1 лажица путер

Начин на подготовка:

  1. Во лонец измешајте ги двата вида шеќер, сол и густин. 
  2. Во посебен сад лесно разматете жолчки. Со мешање постепено доливајте млеко. 
  3. Гответе на среден оган да згусне. Намалете ја температурата и гответе уште две минути. Тргнете од оган и додајте малку смеса во жолчките со постојано мешање. 
  4. Ставете ја смесата во лонец па продолжете со мешање и гответе на слаб оган неколку минути. Тргнете од оган, измешајте ванила, цимет и путер па мешајте додека путерот не се растопи. 
  5. Изладете 15-тина минути, ставете во садови навлажнети со ладна вода и ставете во фрижидер да стврдне.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text