Полнета чамец погача од мелено месо: Преубаво изгледа, а вкусот е совршен (Видео)

Полнета чамец погача од мелено месо: Преубаво изгледа, а вкусот е совршен (Видео)

Погача која освојува на прв залак. Има фантастичен вкус и декоративен изглед!

Состојки:

  • 20 гр квасец
  • малку шеќер
  • малку сол
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 500-600 гр брашно
  • 3 јајца
  • 250 гр мелено месо
  • 1 мала главица кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 мал домат
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто со квасец, малку вода, 2 јајца, јогурт, масло, сол и брашно. Замесете глатко меко тесто и оставете да нарасне. 
  2. На масло пропржете сечкан кромид, додајте сечкана пиперка и мелено месо и на крај сечкан домат на коцки. 
  3. Продинстајте па додајте белки, сол, бибер, може и малку зачин. 
  4. Нараснатото тесто развлечете го во правоаголник, ставете месо па спојте ги рабовите, од едната и другата страна составете ги во средина така што филот ќе се гледа. 
  5. Редете во плех и тоа во круг. 
  6. Оставете погачата на нарасне, намачкајте со жолчка, посипете со семки и крупна сол, па печете на 200 степени околу 35-40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text