Мирисот и вкусот на оваа штрудла едноставно ќе ве освојат!
Состојки за тесто:
- 20 гр квасец
- 100 мл млако млеко
- 1 полна лажица брашно
- 1 лажица шеќер
- 150 мл млеко
- 150 гр маргарин
- 70 гр млечно чоколадо
- 500 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1 јајце за премачкување
Состојки за фил:
- 5 кајсии (околу 500 гр)
- 2-3 лажици шеќер
- 100 гр мелени ореви
Начин на подготовка:
- Во вангла ставете надојден квасец, растопен маргарин со млеко и чоколадо. Измешајте па додајте брашно и сол и замесете тесто. Оставете да нарасне. Премесете и поделете го на два дела.
- Секој дел развлечете го како што е опишано во видеото и премачкајте со фил (за подготовка на филот изгмечете кајсии со мелени ореви и шеќер). Свиткајте, наредете во намастена тепсија, избоцкајте со чепкалка и премачкајте со јајце.
- Штрудлите печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути. Изладете, исечете и посипете со шеќер во прав.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути