Екстра меки солени американски крофни (Видео)

Екстра меки солени американски крофни (Видео)

Било дали сакате да ги послужите за доручек или вечера, вака направените солени американски крофни со сирење ќе бидат идеална комбинација за лесен оброк.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици гриз
  • 8 лажици пченкарно брашно
  • 200 мл кисело млеко
  • 50-100 мл масло
  • 100 гр тврдо сирење
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, па додајте ги сите состојки, убаво изедначете и печете во апарат за крофни. 
  2. Доколку немате апарат за крофни, можете да искористите калапи за мафини. 
  3. Кога убаво ќе поруменат извадете ги. Доколку ги печете во калапи за мафини печете на 200 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text