Вкусен бурек со пилешко месо и печурки…
Состојки:
- 6 дебели кори за пита
- 1 лажичка зачин
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажички мелена црвена пипер
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер
- 200 гр печурки
- 2 јајца
- 60 гр морков
- 600 гр пилешко филе
- 200 мл масло за пржење
Начин на подготовка:
- Пилешкото гответе го околу 20 минути. Печурките ситно исечкајте ги и испржете ги на маслиново масло.
- Во сад измешајте ситно исечкано изладено варено пилешко, печурки, изрендан морков, јајца, зачин, бибер, сол и мелена пипер.
- Листовите тесто исечкајте ги во облик на правоаголници (од една кора се добиваат четири правоаголници), на секој ставете 1-2 лажичка фил и свиткајте.
- Буреците ставете ги во врело масло и пржете ги до златно-кафеава боја.
Послужете со јогурт и уживајте!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот