Во летните месеци најмногу ни одговараат лесни и освежувачки овошни десерти.
Еден таков десерт кој е едноставен за подготовка е кремот од кајсии и праски, а еве и како се прави.
Состојки:
- 3 праски
- 8 кајсии
- 2 дл млеко
- 2 дл слатка павлака
- 30 гр шеќер
- сок од половина лимон
Начин на подготовка:
- Измешајте млеко, павлака и шеќер и гответе на слаб оган додека шеќерот не се растопи.
- Праските и кајсиите излупете ги, исечкајте ги на коцки и додајте во смесата и гответе со мешање уште 2-3 минути.
- Тргнете од оган и оставете да се излади, додајте сок од лимон и добро изблендирајте во блендер.
- Кремот ставете го во чинии или чаши и послужете го ладен.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега