Вкусно предјадење готово за миг!
Состојки:
- 500 гр мешани печурки
- 3 јајца
- 200 гр презла
- брашно
- сол
- бибер
- масло
- тартар сос
Начин на подготовка:
- Печурките исечкајте ги на малку подебели парчиња. Извалкајте ги во брашно, потопете ги во разматени посолени јајца, па во презла.
- Пржете ги во загреано масло по 2-3 минути од секоја страна.
- Печурките ставајте ги на хартиени салфети да ја впијат маснотијата, па послужете ги врели со тартар сос.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи