Едноставна, а вкусна мароканска салата со пилешко месо…
Состојки:
- 500 гр пилешко без коски
- 300 гр мајонез
- 1 помала главица зелена салата
- 1 чаша милерам
- 2 лажици кари
- 1 лажица оцет
- 2 лажици рендан корен целер
- 3 зелени јаболка излупени и исечкани на коцки
- 2 раце сечкани лешници
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Пилешкото месо исечкајте го на коцки, па испржете го на масло.
- Зелената салата исечкајте ја на парчиња и ставете ја во голем сад за салата заедно со пилешко, целер и јаболка.
- Во помал сад измешајте кари, оцет, сол и бибер. Добро измешајте и прелијте преку салатата, па уште еднаш измешајте. Оставете да отстои десетина минути.
- Во меѓувреме измешајте мајонез и милерам, прелијте преку салатата и повторно добро измешајте. На крај посипете со сечкани лешници.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути