Неверојатно сочен колач со диња од евтини намирници, а ако не сте љубител на ова овошје, можете да го направите и со праски.
Состојки:
- 4 јајца
- шеќер
- 4 лажици брашно
- 4 лажици масло
- 4 лажици ладна вода
- кора од лимон
- 1 помала диња или праски
Начин на подготовка:
- Разматете жолчки со 4 лажици шеќер (пенасто) додајте масло, вода, брашно и кора од лимон. Потоа додајте и брашно и сè добро изедначете и ставете во намастен плех.
- Од горе наредете овошје, овој пат парчиња дињи или праски. Разматете белки со шеќер (4 лажици) во цврст снег па посипете преку овошјето.
- Печете на 180 степени околу 40-45 минути. Оставете колачот малку да се излади, па потоа сечете го на коцки.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет