Летен оброк готов за 20 минути: Запечени тиквици од рерна со сирење и презла

Летен оброк готов за 20 минути: Запечени тиквици од рерна со сирење и презла

Јадењето можете да го послужите како прилог или како самостален летен оброк.

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 мала шолја кромид исечкан на ленти
  • 1 мала шолја пиперки исечкани на ленти
  • 1 чешне лук, изгмечено
  • 1/4 шолја бело вино
  • сол
  • 1,5 шолја тенко исечкани тиквици
  • 50 гр лебни трошки
  • 1 лажичка оригано
  • 1/4 мала шолја пармезан
  • 1 лажица балзамико оцет

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. 
  2. Во тава ставете една лажица мслиново масло, кога маслото ќе се загрее додајте кромид, пиперка и лук и динстајте. Потоа додајте вино, сол и бибер и динстајте уште малку. 
  3. Во огноотпорен сад распоредете го подготвениот микс и на него наредете тиквици. 
  4. Измешајте лажица масло, презла и сирење па посипете по тиквиците и печете во рерна 8 минути. Подесете ја температурата на 250 степени и држете го зеленчукот уште 2 минути додека не добие кафеава кора од горе. Пропрскајте со балзамико оцет.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text