Овој ручек ќе го обожаваат и вегетаријанците, но и најголемите месојади. Откријте во што е тајната!
Состојки:
- 500 гр компири
- 300 гр тиквици
- 2 дл кисела павлака Пекабела
- 1 главица кромид
- 50 гр рендан кашкавал
- 100 мл млеко
- 1 лажица глатко брашно
- 1 чешне лук
- сол
- свежо мелен бибер
- мускатно оревче
- мајчина душица
Начин на подготовка:
- Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Тиквиците не лупете ги, само исечкајте ги на кругови.
- Со путер намастете огноотпорен сад и во него наредете компири и тиквици.
- Кромидот исечкајте го на тенки кругови и наредете го по компирите и тиквиците. Сè посипете со мајчина душица.
- Разматете брашно во млеко, додајте павлака, ситно сечкан лук, сол, бибер и изрендано мускатно оревче. Прелијте преку компирите и тиквиците.
- Печете на 200 степени околу половина час зеленчукот да омекне. Посипете со рендан кашкавал и печете уште 10-15 минути.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт