Филот за овие ружи може да биде и солен и сладок, како што ќе посакате…
Состојки:
- 200 мл јогурт
- 50 мл млеко
- 2 јајца
- сол
- 1 лажица шеќер
- 1 коцка путер
- 500-600 гр брашно
- 2 јаболка
- 50 гр мелени ореви
- цимет
- 50 гр суво грозје
Начин на подготовка:
- Разматете квасец во млеко, додајте шеќер, јајца, путер, брашно, сол и замесете глатко тесто. Оставете да нарасне на топло.
- Развлечете во правоаголник па исечете квадрати. Јаболката изрендајте ги, додајте малку шеќер, цимет, суво грозје и измешајте.
- Во секој квадрат ставете лажичка јаболко, рабовите малку исечете ги и соберете ги во средина правејќи ружи како што е прикажано во видеото.
- Оставете малку да отстојат, а потоа можете да ги премачкате со жолчка. Печете на 200 степени околу 20-25 минути.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта