Миш-маш од рерна: Фантастично јадење залиено со сос од јајца и кисело млеко

Миш-маш од рерна: Фантастично јадење залиено со сос од јајца и кисело млеко

Вкусна селска храна која ќе ја обожавате…

Состојки:

  • 1 тегла печени пиперки
  • 100 гр сирење
  • магдонос
  • 3 чешниња лук
  • бибер
  • сол
  • 2 лажици масло
  • 100 гр кашкавал

Состојки за прелив:

  • 3 јајца
  • 4 лажици кисело млеко
  • 2 лажици брашно
  • прстофат сода бикарбона

Начин на подготовка:

  1. Печените и излупени пиперки извадете ги од тегла да се исцедат, а потоа исечете ги на ленти. Наредете ги во плех намастен со масло, па преку нив ставете сирење и испасирани чешниња лук. Од горе зачинете со неколку капки масло, бибер, сол и ситно сечкан магдонос. 
  2. Разматете јајца со кисело млеко и сода бикарбона, па додајте брашно. Со оваа смеса залијте ги пиперките и печете 20 минути на 200 степени во претходно загреана рерна. 
  3. Извадете од рерна и посипете со рендан кашкавал, па повторно вратете во рерна на 10 минути да се запече.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text