Неодолива млечна пита…
Состојки:
- 8-9 кори за пита
- 100-150 гр путер
- 4 јајца
- 150-200 гр шеќер
- 300 мл врело млеко
- 2 лажици ситно мелено пченкарно брашно
- 1/4 лажичка цимет
- арома ванила
- шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
- Намастете тепсија со путер.
- Корите свиткајте ги и редете ги во круг од надвор кон внатре. Премачкајте ги корите со растопен путер.
- Посипете со цимет и печете на 180 степени околу 25 минути, односно додека не поруменат.
- Во меѓувреме направете фил. Пенасто разматете јајца со шеќер. Додајте пченкарно брашно и врело млеко во кое сте додале малку арома ванила.
- Прелијте ги корите со овој фил и допечете уште 25 минути. посипете со шеќер во прав.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта