Фаширани шницли со зеленчук

Фаширани шницли со зеленчук

Класици во кулинарството – фаширани шницли со зеленчук.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 2 компири
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • малку сол
  • брашно

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо изрендајте компир и морков, додајте јајце и посолете, додајте исечкан кромид и сè добро соединете. 
  2. Правете шницли со големина по желба, извалкајте во брашно, потапкајте и пржете ги на врело масло. 
  3. Кога ќе се создаде кора намалете ја температурата, сврете ги шницлите и пржете десетина минути на најниска температура.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text