Подгответе необични, но интересни крокети од ориз…
Состојки:
- помал сад зготвен ориз
- 100 гр ајдамер
- 50 гр свински врат
- 5 лажици кисела павлака
- 1 јајце
- 1 чешне лук
- сол
- бибер
Состојки за панирање:
- 2 јајца
- 1 лажица брашно
- 100 гр презла
Начин на подготовка:
- Зготвениот ориз измешајте го со кисела павлака и разматени јајца. Додајте рендано сирење, свински врат и зачини и измешајте во компактна маса.
- Обликувајте долгунасти крокети, извалкајте ги во брашно, јајца и презла.
- Пржете ги крокетите во врело масло додека не поруменат. Послужете ги со салата по желба.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Полнет ананас со ориз и пилешко