Ако немате многу време за подготовка на оброк за вашето семејство, еве идеален рецепт!
Состојки:
- 2 парчиња пилешко бело месо
- малку бело вино
- 400 гр макарони
- 2 зелени пиперки
- десетина црни маслини
- 3 кесички мајонез
- 3 лажици масло
- 1 лимон
- сол
- бибер
- рузмарин
Начин на подготовка:
- Пилешкото испечете го на масло со додаток од половина чаша бело вино и малку рузмарин. За време на печењето, месото преливајте го со сокот од печењето. Пилешкото исечкајте го на стапчиња.
- Макароните згответе ги во солена вода и оставете ги да се исцедат. Пиперките исечкајте ги на стапчиња. Ставете ги сите намирници во чинија и додајте маслини без коски.
- Направете прелив од мајонез, сол, бибер и сок од лимон. Преливот додавајте го постепено, малку по малку, со мешање.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука