Вкусни панцероти за вечера, оригинален рецепт за омиленото јадење!
Состојки:
- 100 мл вода
- 200 мл млеко
- 1 лажица шеќер
- 1/2 лажица сол
- 1 коцка квасец
- 2 јајца
- 5 лажици масло
- 600 гр брашно
- масно сирење
- салама
- кечап
Начин на подготовка:
- Во млако млеко ставете шеќер и квасец па замесете тесто додавајќи ги сите останати состојки. По потреба додајте уште брашно.
- Покријте и оставете тестото да надојде околу еден час. Во текот на надоаѓањето премесете два пати.
- Од тестото земајте парчиња од по 100 гр, развлечете ги во облик на елипса, па ставајте го саканото полнење. Затворете ги панцеротите, ставајте ги на плех и печете на 200 степени додека не добијат златножолта боја. Украсете со рендано сирење и кечап.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука