Пита со ориз и чоколадо: Необичен десерт кој ќе го обожавате (Видео)

Пита со ориз и чоколадо: Необичен десерт кој ќе го обожавате (Видео)

Оваа пита едноставно се прави, а има фантастичен вкус!

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 300 гр ориз
  • 200 гр шеќер
  • цимет
  • 100 гр суво грозје
  • 3 јајца
  • 100 гр чоколадо
  • кора од лимон

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер. Оризот згответе го, додајте шеќер по желба и малку цимет, суво грозје и кора од лимон. 
  2. Поделете на 2 дела. Во еден додајте растопено чоколадо. 
  3. Првата кора намачкајте ја со масло, ставете друга па и неа премачкајте ја со масло и светол фил, додајте уште една и повторно сè намачкајте и свиткајте во ролат. Редете во плех. 
  4. На ист начин премачкајте ги корите со фил од чоколадо. Премачкајте ја секоја ролна со масло и печете на 200 степени околу 50 минути. Посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text