Крцкави и вкусни залаци, идеални за мезе…
Состојки:
- 1 кг пилешки крилца
- 2 лажици растопен путер
- 1/2 шолја презла
- 1/2 шолја пармезан
- зачини по желба
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Крилцата измијте ги и исушете ги.
- Во сад измешајте презла, пармезан и зачини.
- Пилешките крилца натопете ги во растопен путер, па во смесата со зачини.
- Наредете ги во тепсија и печете во рерна загреана на 180 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо