Вкусни и декоративни мафини со шунка, можат да бидат добар избор за некоја прослава, но и за доручек или вечера.
Состојки:
- 20 гр свеж квасец
- 10 гр шеќер
- 250 гр брашно
- сол
- 50 мл маслиново масло
- 200 гр шунка Пекабеско
- 200 гр рендано сирење
- 1 јајце
- бибер
Начин на подготовка:
- Квасецот разматете го во 125 мл млака вода, додајте шеќер, измешајте и оставете 10 минути да мирува. Во сад ставете брашно, сол, разматен квасец и маслиново масло, па замесете глатко тесто. Оставете да мирува додека тестото двојно не се зголеми.
- Шунката исечкајте ја на коцки, измешајте со сирење и јајце, посолете и побиберете.
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете калап за мафини и посипете го со презла. Калапите до половина исполнете ги со тесто, а потоа со мешавина од шунка и сирење. Оставете 20 минути да мируваат. Печете во загреана рерна 25 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи