Најмекиот, кремаст колач со праски кој можете да го правите цела година, бидејќи може да се користи и овошје од компот. Наместо нектарини може да ставите и кајсии, вишни, цреши, малини, јаболка, крушки, сливи.
Состојки:
- 600 гр нектарини
- 4 јајца
- 200 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 6 лажици масло
- 9 лажици врела вода
- 250 гр брашно
- 1 прашок за печиво
- 600 мл млеко
- 2 кесички пудинг од слатка павлака (може и ванила)
- 200 гр шеќер
- 200 гр маргарин
- лимон
- 200 гр кисела павлака
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 180 степени, намастете тепсија со маргарин и посипете со брашно. Праските измијте ги и исечкајте ги.
- Разматете жолчки со шеќер и ванила. Измешајте масло и врела вода па додајте брашно и прашок за печиво. Посебно разматете белки па лесно измешајте ги во претходната смеса. Ставете ја смесата во тепсија, израмнете па посипете со исечкани праски. Печете додека не порумени, околу 30-40 минути.
- 500 мл млеко згответе со шеќер, во 100 мл млеко измешајте пудинг и згответе. Изрендајте кора од лимон и оставете кората и филот да се изладат.
- Во пудингот измешајте разматен маргарин и павлака. Премачкајте преку колачот и оставете до наредниот ден да отстои. Украсете по желба и послужете.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега