Испробајте малку поинакво јадење – еве зошто кавијарот од зеленчук е тренд во светот…
Состојки:
- 4 модри патлиџани
- 1 дл маслиново масло
- 10 чешниња лук
- 2 парчиња суво месо Пекабеско
- 1/4 лажичка оригано
- 1/4 лажичка босилек
- прстофат копар
- 2 лажици ситно сечкан магдонос
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Измијте ги патлиџаните, пресечете ги долж, внатрешноста премачкајте ја со доста лук па замотајте во фолија. Наредете ги во плех и печете ги 30 минути во рерна загреана на 200 степени.
- Кога патлиџаните ќе се испечат, со лажица извадете ја внатрешноста и издинстајте ја на маслиново масло, на умерена температура, заедно со ситно сечкано суво месо. Зачинете со зачински билки, сол и бибер и сервирајте топло со тост леб, брускети или крекери.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи