Пченкарни мафини со блитва, сирење и јогурт: Најубавиот доручек кој лесно се прави

Пченкарни мафини со блитва, сирење и јогурт: Најубавиот доручек кој лесно се прави

Лесен рецепт кој им успева на сите, ќе уживате во овие вкусни залаци!

Состојки:

  • 2 чаши од по 200 гр пченкарно брашно
  • 1 чаша пченично брашно
  • 3 јајца
  • 100 мл масло
  • сол
  • 1/2 прашок за печиво
  • 200 гр сирење
  • 1 веза блитва или 200 гр спанаќ
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете пченкарно брашно, јајца, брашно, сол, масло, сирење, исечкана блитва, која претходно малку сте ја обвариле, а потоа додајте јогурт и млеко. 
  2. Сè убаво изедначете и ставете во калап за мафини. Печете на 200 степени околу 30-40 минути додека убаво не поруменат. 
  3. Послужете со сирење, јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text