Мусака со неверојатен вкус, ќе ги освои и најпребирливите гурмани…
Состојки:
- 300 гр мелено месо
- 4 јајца
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 2 тиквици
- сол
- бибер
- масло
- црвена пипер
- 4-5 лажици брашно
- 100 гр презла
- 2 моркови
- 200 гр павлака
- малку кашкавал
Начин на подготовка:
- На масло пропржете сечкан кромид, потоа сечкани моркови, па додајте мелено месо и убаво испржете. Додајте сол, пипер, бибер и сечкан лук.
- Тиквиците излупете ги па исечкајте ги на тенки кругови и посолете да отстојат во сол околу 30 минути. Исцедете ја водата.
- Разматете 2 јајца. Намастете го плехот со масло.
- Секој круг тиквица провлечете го низ брашно, јајце и презла и редете на дното од плехот. Преку ставете неколку лажици пржено месо, па повторно тиквици па месо, додека не го потрошите меленото месо. Завршете со тиквици.
- Разматете ги останатите две јајца, додајте павлака па тоа фино изедначете го и прелијте преку тиквиците. Од горе изрендајте кашкавал. Печете на 200 степени околу 40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи