Подгответе неодолив сладолед од диња…
Состојки:
- 500 гр диња
- 3 жолчки
- 100 гр шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 250 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
- Жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер гответе ги на пареа 5 минути. Оставете малку да се излади.
- Дињата исечкајте ја на помали парчиња и измиксајте во блендер.
- Слатката павлака разматете ја во шлаг.
- Шлагот додајте го во изладениот крем од јајца, соединете, додајте и измиксана диња, сè добро соединете.
- Сладоледот ставете го во сад, израмнете и поклопете, ставете во замрзнувач на минимум 4 часа да смрзне, а може и подолго.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди