Рецепт за убава вечера – погача со млад кромид и свежо сирење.
Состојки:
- 4 јајца
- 2 шолји пченкарно брашно
- 2 шолји бело брашно
- 1 шолја масло
- 2 шолји јогурт
- 1 шолја свежо кравјо сирење
- 1 прашок за печиво
- 1 лажица сол
- млад кромид
- суво месо
Начин на подготовка:
- Кромидот исечкајте го и измешајте го со останатите состојки. По потреба додајте млеко ако смесата е прегуста.
- Сувото месо исечкајте го на коцки и наредете го на површината од смесата. Печете на 200 степени околу 40 минути. Изладете, исечкајте на коцки и послужете.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт