Матено тесто: Од него се прават највкусните колачи, а ова е основниот рецепт и финта поради која секогаш успева

Матено тесто: Од него се прават највкусните колачи, а ова е основниот рецепт и финта поради која секогаш успева

Од колач со лимон, до куглоф и мафини – рецепти со матено тесто има безброј. Најдобро е што можете сами да бидете дизајнер на своите колачи и да додадете во тестото или преку него што ви душа сака.

Ова тесто успева во плех, во калап, куглоф-калап, плех за мафини… Се прави брзо, а има совршен вкус!

За подготовка на ова тесто потребни ви се два садови со поклоп. Во еден разматете ги сувите, а во друг течните состојки. Потоа сè соединете.

Основен рецепт: 300 гр путер пенасто разматете со 300 гр шеќер. Одвојте ги жолчките од белките (4 јајца околу 300 гр). Жолчка по жолчка, со постојано мешање, додајте путер. Потоа додајте 300 гр просеано брашно и масата кратко матете ја со миксер. Белките цврсто разматете ги со прстофат сол и полека измешајте во масата.

Важно во подготовката: Јајцата и путерот мора да бидат на собна температура. Тестото ќе биде воздушесто ако путерот се исечка на коцки и во посебен сад се истопи на пареа. На тој начин лесно пенасто разматете и измешајте брашно.

Прашок за печиво: Доколку во рецептот е наведена поголема количина брашно во однос на масти и шеќер, во масата додајте 1-2 лажички прашок за печиво и малку сода бикарбона. Благодарение на тоа тестото убаво ќе се подигне.

Варијанти: Колачите од матено тесто се вбројуваат меѓу најомилените, бидејќи може да се ароматизираат по желба. Во масата можете да додадете рум, марципан, рендана кора од лимон или портокал. Вкусот ќе биде поароматичен ако додадете какао, парчиња чоколадо, кандирано овошје, ореви, бадеми, лешници… Матеното тесто прелијте го со прелив од шеќер.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text