Златиборска гибаница со сирење по оригинален рецепт

Златиборска гибаница со сирење по оригинален рецепт

Србија е позната по вкусни специјалитети, а еден од најпознатите е питата гибаница со сирење. Кога ќе се додадат домашни состојки ќе биде уште повкусна!

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 700 гр козјо или кравјо сирење
  • 5 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 шолја масло (сончогледово или друго светло масло)
  • 1 шолја млеко
  • 20 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени. Ставете козјо сирење во голем сад за мешање. Додајте јајца, едно по едно и добро разматете ги. Додајте сол, масло, млеко и матете додека не се соединат. 
  2. Ставете еден слој кори на дното на плехот. Речиси сите останати кори натопете ги во смесата и нафрлете ги во плхеот. Сочувајте барем три кори кои ќе ги ставите на врвот, како и неколку лажици смеса. Покријте ја целата смеса со останатите кори. Исечете го путерот на неколку парчиња и ставете на корите. 
  3. Останатата разматена смеса разматете ја со лажичка млеко и премачкајте ја горната кора. 
  4. Печете околу 40 минути, додека не порумени. Свртете на чинија и послужете топло. Ова јадење се служи со чаша млеко или јогурт.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text