Се подготвува за 2 минути, се пече 6, се мачка уште 1 минута и тоа е сè!
Состојки:
- 100 гр брашно
- 100 гр шеќер
- прстофат сол
- 2 лажички прашок за печиво
- 3 јајца
- 4 лажици слатко од јагоди (или друг вкус, по ваш избор)
- 2 лажици шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Измешајте брашно, шеќер, сол и прашок за печиво. Додајте јајца и сè измешајте. За сè ова се потребни само 2 минути! Намастете плех, ставете хартија за печење, ставете го тестото и печете 6 минути на 180 степени.
- За тоа време во тенџере загрејте слатко. Ви останува само уште минута работа – печеното тесто извадете го од плех, тргнете ја хартијата, па веднаш намачкајте го со топло слатко, свиткајте во ролат и посипете со шеќер во прав.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта