Пилешки ражничи со сос од кикирики

Пилешки ражничи со сос од кикирики

Мекото бело месо со овој сос е уште посочно!

Состојки:

  • 1 чешне лук
  • 1 црвена чили пиперка
  • 1 кг пилешки гради
  • 3 лажици сончогледово масло
  • 1 лажица соја сос
  • 150 гр путер од кикирики
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка шеќер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте излупен лук и исчистена чили пиперка. 
  2. На дрвени стапчиња набодете парчиња пилешко, па ражничите посолете ги и побиберете ги. Во широка тава загрејте масло и пржете ги подготвените ражничи околу 10 минути со повремено вртење. Налијте соја сос. 
  3. Разматете сос од путер од кикирики, сок од лимон, шеќер, чили и лук, загрејте го во тава и прелијте преку ражничите. Послужете со свежа салата. 
  4. Совет: Ражничите можете да ги збогатите со зеленчук (пиперка, кромид, тиквица), печурки или ананас.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text