Едноставен колач кој сигурно ќе ве воодушеви со својот освежувачки вкус.
Состојки:
- 3 јајца
- 2 помали шолји брашно
- 2 мали шолји гриз
- 1 мала шолја масло
- 150 гр шеќер
- кора од лимон
- малку цимет
- 1/2 кг сливи
- 1 ванилин шеќер
- шеќер во прав по желба
- прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Во тенџере растопете 3 лажици шеќер додека убаво не се карамелизира па ставете на дно од плех кој сте го обложиле со хартија за печење. Од горе наредете сливи и ставете малку цимет.
- Разматете јајца со шеќер, додајте масло, брашно, гриз, прашок за печиво и кора од лимон па добро изедначете и ставете преку сливите.
- Протресете го плехот и печете на 200 степени околу 40 минути. Печениот колач посипете го со ванилин и шеќер во прав по желба.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта