Направете вкусни кифлички со богат фил по брз рецепт:
Состојки:
- 500 гр. брашно
- 70 гр. маргарин
- 1 дл. масло
- 2 дл. млеко
- 2 јајца
- квасец
- сол
Фил:
- 250 гр. шунка
- 1 главица кромид
- маргарин
- 100 гр. кашкавал
- 5 лажици сецкан спанаќ
- 1 јајце
- сол
- бибер
Подготовка:
- Тестото се меси од сите состојки за него, се остава еден час да нарасне, а потоа се дели на три топки и секоја се развлекува, па се сечат триаголници.
- Се пржи на масло кромидот, со спанаќ и шунката на коцки. Се додава и изматено јајце и кашкавал, па зачини.
- Се става фил и се виткаат кифли.
- Се печат 35 минути на 200 степени.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: