Една од најубавите салати која одлично оди со јадења од месо.
Состојки:
- 500 гр млада боранија
- 100 гр моркови
- 200 гр кисела павлака
- 300 гр мајонез
- 1/2 веза мгадонос
- 1/2 веза копар
- 2 чешниња лук
- 1/2 лимон
- 2 лажички сол и уште малку ако е потребно
Начин на подготовка:
- Сè добро измијте. Боранијата исчистете ја и пресечете на половини, па гответе во посолена вода заедно со исчистени моркови околу 30 минути или додека не омекнат. Исцедете ја водата и оставете зеленчукот да се излади.
- Измешајте павлака, мајонез, изрендан лук, исечкан магдонос и копар, сок од лимон па прелијте преку боранијата во која сте изрендале зготвени моркови. Сè измешајте и оставете да се излади до послужување.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути