Вкусен и хранлив ручек готов за миг!
Состојки:
- 300 гр пилешки гради
- 100 гр варен грашок
- 100 гр тиквици
- 10 зелени маслини
- 1 главица кромид
- 1 дл вода
- масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Пропржете ситно сечкан кромид во тефлон тава со малку масло, па додајте тиквици исечкани на стапчиња, варен грашок и зелени маслини.
- Динстајте на јака температура 5-7 минути, прелијте со вода и гответе додека течноста не испари. Потоа додајте пилешко исечкано на стапчиња и динстајте на умрена температура 15-20 минути, додека не омекне. Повремено мешајте и долијте вода за зеленчукот и месото да не се исушат. Пред крај посолете и побиберете.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо