Полнети поховани ролни: Крцкави, сочни, вкусот – неповторлив! (Видео)

Полнети поховани ролни: Крцкави, сочни, вкусот – неповторлив! (Видео)

Баба Јелена повторно не израдува со совршен рецепт!

Состојки:

  • 1 лист обланда
  • масло
  • 200 гр сирење
  • 3 јајца
  • лук во гранули
  • семки сончоглед
  • сусам
  • брашно
  • презла
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Листот обланда ставете го во влажна крпа да омекне. Сирењето издробете го, па додајте едно јајце, лук, сусам и семки сончоглед и измешајте. 
  2. Обландата исечете ја на 9 еднакви квадрати. Во секој квадрат ставете лажичка сирење, свиткајте ги страните, па свиткајте во ролат. 
  3. Јајцата разматете ги и малку посолете ги. Ролатите провлечете ги низ јајца, брашно, јајца и презла. Испржете ги во длабоко масло и вадете ги на хартиени салфети добро да се исцедат. 
  4. Ви препорачуваме дупла мерка за четиричлено семејство.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text