Направете вкусни и брзи пекарски кифлички по лесен и евтин рецепт.
Состојки.
- 1200 гр. брашно
- 500 мл. млеко
- 100 мл. млака вода
- 200 мл. масло
- 1 ½ лажички квасец
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 3 лажици масло
- 100 гр. маргарин
Подготовка:
- Во 100 милилитри млака вода се става квасецот со лажиче шеќер и малку брашно и се остава да нарасне.
- Се меша брашното со сол, па се додава надојдениот квасец, па потоа минерална вода и масло и се меси тесто, се мачка со малку масло и се остава да нарасне.
- Се вадат ситни топчиња и се расукуваат, се мачкаат со маргарин и виткаат како кифлички, па се редат на плех со хартија.
- Се премачкуваат со масло и се става малку сол па се оставаат да нараснат додека се загрее рерната на 180 степени.
- Се печат додека не поруменат.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: