Овие сочни залаци со џем од јагоди се идеални за ужина или лесен доручек.
Состојки за тесто:
- 600 гр брашно
- 2 дл кисела павлака Пекабела
- 250 гр маргарин
- 10 гр свеж квасец
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 јајце
- прстофат сол
- 100 гр шеќер
Состојки за фил:
- џем од јагоди
- 150 гр мелени ореви
- шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
- Џемот од јагоди и 150 гр мелени ореви соединете ги во еднолична смеса за фил.
- Замесете глатко тесто од наведените состојки и оставете еден час во фрижидер.
- Потоа тестото премесете го и развлечете го. Филувајте го и свиткајте го, па сечете на саканата ширина. Тестото можете да го расечете и од горните страни.
- Печете на 200 степени 20 минути. Изладените штрудли посипете ги со шеќер во прав.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта