Подгответе вкусни полнети шницли. Кога еднаш ќе ги пробате, ќе ги правите постојано.
Состојки:
- 4 шницли (телешки, мисиркини, пилешки)
- 4 парчиња суво месо
- 4 лажици гауда сирење
- 4 лажици сенф
- 2 јајца
- 1 шолја брашно
- 1 шолја презла
Начин на подготовка:
- Шницлите добро истанчете ги. Посоелте, побиберете, намачкајте ги со сенф па на нив ставете по парче суво месо и гауда сирење.
- Свиткајте ги шницлите, внимавајте да не истече филот.
- Извалкајте ги во брашно, разматени јајца и презла. Печете ги на масло додека не поруменат од сите страни.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо