Оригинален рецепт за вкусна шумадиска гибаница.
Состојки.
- 500 гр. кори за гибаница
- 500 гр. кравјо сирење
- 50 гр. кајмак
- 50 мл. масло
- 4 јајца
- сол
- 250 мл. кисела вода
Подготовка:
- Се рони сирењето, се додава кајмак, масло, сол, јајца и се убаво се меша.
- Се додава постепено и киселата вода.
- Се става масло на тава, па се става првата кора, па две лажици фил, па потоа кора и фил додека има, а остатокот од филот се става врз гибаницата и таа се остава два часа во ладилник.
- Потоа, се пече на 200 степени додека не порумени.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: