Мек и вкусен компир во комбинација со крем сирење, одличен како прилог со месо, а ако се послужи со салата може да биде и главно јадење.
Состојки:
- 4 компири
- 150 гр крем сирење
- 100 гр павлака Пекабела
- масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Компирите измијте ги, исушете ги, од сите страни избодете ги со вилушка, премачкајте ги со масло и посолете. Подготвените компири ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени, околу 50 минути.
- За тоа врема во помал сад ставете кисела павлака, додајте свежо крем сирење, зачинете со сол и бибер и сè заедно измешајте со жица. Вака подготвеното полнење ставете го во фрижидер да се излади.
- Компирите ставете ги на чинии со листови зелена салата, наполнете ги со фил од сирење и послужете.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи