Направете вкусна и брза бајадера.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 9 лажици вода
- 200 гр. шеќер
- 150 гр. мелени ореви
- 250 гр. мелени бисквити
- 170 гр. маргарин
- 100 гр. чоколадо за готвење
- рум
Глазура:
- 100 гр. чоколадо за готвење
- малку масло
Подготовка:
- Се ставаат во лонец водата и шеќер и се варат додека шеќерот не се стопи, а потоа се додава маргарин, па се трга од оган и се меша убаво да се стопи.
- Се додаваат потоа оревите и бисквитите во смесата и се меша да се изедначи.
- Се дели на два дела смесата.
- Се топи чоколадото на пареа и се меша со првиот дел, а другиот се остава празен, му се става само малку рум.
- Се става на тацна хартија со малку масло, па чоколадниот дел од смесата, и се прави квадрат, па се става белата смеса.
- Се топи чоколадото на пареа и се става горе.
- Се лади и сече.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта