Полнета плетеница: Неодолива комбинација од спанаќ и сирење

Полнета плетеница: Неодолива комбинација од спанаќ и сирење

Преубава солена плетеница во калап за куглоф. Има прекрасен мирис, декоративна е, а вкусот ќе ве освои.

Состојки:

  • 1 коцка квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 јајца
  • 50 мл масло
  • 250 мл млеко
  • 400-500 гр брашно
  • 200 гр сирење
  • 1 веза блитва или спанаќ

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растворете го во 50 мл топло млеко, додајте шеќер па кога ќе се растопи додајте 2 јајца, масло, брашно и сол и замесете глатко меко тесто. 
  2. Оставете го покриено околу 30 минути, а потоа размесете го на маса и развлечете го во правоаголник. 
  3. Сирењето изгмечете го, додајте белки и изедначете. Извадете ги дршките од блитвата, измијте ја, обварете ја и исечкајте ја ситно. Додајте ја блитвата во сирењето и премачкајте го тестото. 
  4. Свиткајте во ролат па пресечете на половина со остар нож. Потоа свиткајте во плетеница и ставете го тестото во куглоф обложен со фолија. 
  5. Оставете да нарасне, премачкајте со жолчка и печете на 190 степени 35-40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text