Подгответе вкусен ручек – јунешки гулаш со тестенини.
Состојки:
- 500-600 гр јунешко месо
- 2 главици кромид
- 2 зелени пиперки
- малку лута зелена пиперка
- 2 моркови
- 1 излупен домат
- 1 лажичка црвена пипер
- сув зачин
- бибер
- сол
- масло
- магдонос
- 300 гр резанки или тестенини
Начин на подготовка:
- Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на масло. Потоа додајте зелена пиперка и морков, по кратко динстање ставете исечкано месо. Додајте малку вода и динстајте околу 50 минути. Потоа додајте домат, сув зачин и пипер. На крај можете да додадете половина лажичка разматено брашно поради густина. Додајте магдонос.
- Згответе ги тестенините, малку намастете ги и послужете ги како прилог.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо