Десерт за врелите денови.
Нешто оригинално и вкусно.
Состојки:
- 0,5 л. шлаг
- 0,5 л. кисела павлака
- 150 гр. шеќер
- 150 гр. чоколадо
- 10 издробени бисквити
- малку дробени лешници, бадеми, ореви…
Подготовка:
- Се мати шлагот според упатството, па се додаваат павлаката и шеќерот и се добро се мати.
- Се топи чоколадото на пареа, се става третина од кремот, се ставаат мелени бисквити, лешници, бадеми и ореви, , па се става дел од чоколадото.
- Се справи вака и со останатиот дел од смесата.
- Нека се замрзне преку ноќ, па пред служење се вади 15 минути порано и се сече.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега