Чоколадната торта е омилен десерт за многумина. Затоа ви донесуваме еден брз рецепт за неодолива чоколадна торта!
Состојки:
- 2 јајца
- 12 лажици шеќер
- 12 лажици млеко
- 12 лажици масло
- 2 лажици какао
- 12 лажици брашно
- 1 лажица рум
- малку цимет
- 1 кесичка прашок за печиво
Состојки за прелив:
- 2 дл слатка павлака
- 100 гр млечно чоколадо
- малку мелени ореви
- малку рум или млеко
Начин на подготовка:
- Јајцата добро разматете ги и додајте ги останатите состојки по ред. Смесата излејте ја во огноотпорен калап. Подесете ја микробрановата печка на најјако (800W) и ставете ја смесата на 5 минути.
- Слатката павлака загрејте ја и во неа растопете чоколадо. Кога тортата ќе биде готова почекајте неколку минути, а потоа префрлете ја на чинија и прелијте ја со слатка павлака и чоколадо. Украсете со мелени ореви.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: